Еве еден специјален десерт од пожолтените тетратки со рецепти на нашите баби. Во овие августовски денови за своите најмили го подготви Ана Марија Милосављевиќ. Рецептот не е баш едноставен и бара добро снаоѓање во кујната, но навистина вреди да се потрудите. Уживајте во уникатниот вкус на овој десерет!
Кнедли од компири
By August 14, 2013
Published:- Prep: 30 mins
- Cook: 30 mins
- Ready In: 60 mins
Еве еден специјален десерт од пожолтените тетратки со рецепти на нашите …
Ingredients
- 1 ½ кг компири
- 500 г брашно
- 50 г путер (или маргарин)
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- 2 јајца
- ½ кг сливи (или џем од кајсии)
- 200 г презла
- 200 г шеќер
- малку масло за готвење
- малку цимет
Instructions
- 1.Компирот се вари во лушпа. Кога е готов, се лупи и се пасира. Се додава 50 грама путер (маргарин), 1 лажица сол, 1 лажица шеќер, 500 грама брашно, 2 јајца и се меси (со миксер).
- 2.Во меѓувреме во длабоко тенџере се варат 3 литри вода. Со голема лажица се вади тестото, во средината се става половина слива, со малку цимет или џем од кајсии. Се обликуваат кнедли и се ставаат во врелата вода. Готови се кога ќе испливаат на површината.
- 3.На малку масло се пропржува презлата, а кнедлите, што ги вадите со лажица-цедалка, уште топли, ги валкате. Презлата треба да има златно-кафена боја. Готовите кнедли ги редите во голема чинија.
- 4.Пред да се послужат се посипуваат со шеќер и со цимет. Уживајте во уникатниот вкус на овој десерет!
- Cuisine: Десерт
- Course: Комбинација
- Skill Level: Средна