Њоки или кнедли е италијански специјалитет најчесто подготвен од компир, брашно и сирење. Иако постојат многу варијанти ние денес ви нудиме едноставна комбинација на њоки направени со младо кравјо сирење и спанаќ.

Њоки од сирење и спанаќ

By A.A. Published: March 4, 2014

    Њоки или кнедли е италијански специјалитет најчесто подготвен од компир, …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Во сад за готвење наполнет со вода и малку сол обарете го исчистениот спанаќ 3 до 4 минути се додека листовите не омекнат. Сварениот спанаќ процедете го и ситно исечкајте го.
    2. 2.Изрендајте го младото сирење и измешајте го со спанаќот и пармезанот. Додадете ги јајцата, брашното и малку сол и мешајте додека не добиете изедначена смеса.
    3. 3.Од смесата формирајте топчиња. (доколку смесата ви е премногу течна додадете уште малку брашно.
    4. 4.Топчињата т.е. њоките извалкајте ги во брашно и варете ги во сад со солена вода. Веднаш штом ќе испливаат на површина, њоките се готови.
    5. 5.Во тава за готвење путерот растопете го и додадете ги ливчиња од свежа жалфија, пржите се додека листовите не станат крцкави.
    6. 6.Врз сварените њоки прелијте го путерот со жалфија и сервирајте. Добар апетит!