Ако сакате ненајавено друштво, направете го овој десерт и верувајте пријатната арома на испечениот лимон ќе ги натера сите ваши соседи да ви тропнат на врата.

Коцки од лимон

By А.А. Published: August 19, 2012

    Ако сакате ненајавено друштво, направете го овој десерт и верувајте …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Тесто: 100 грама брашно се мешаат со шеќер во прав, путер и малку сол. Добиеното тесто убаво развлечете го на претходно намачканиот со путер плех или обложен со масна хартија за готвење (плех со димензии 20x20). Печете во загреана рерна на 160 степени околу 20-тина минути додека не добие светло кафена боја.
    2. 2.Фил: Во помал сад измешајте ги лимоновиот сок со шеќер, сол и изрендана кора од лимон.
    3. 3.Во друг сад, изматете ги јајцата и додадете ја смесата од лимон. Додадете го брашното и нежно промешајте.
    4. 4.Готовиот фил разлејте го врз се уште топлото тесто. Печете 20 до 25 минути додека филот не се стегне, но пазете да не го препечете за филот да не биде сув.
    5. 5.Готовиот колач оставете го да се олади околу 2 часа. Пред сервирање посипете го со шеќер во прав.