Кога готвам многу ми е важно е да ги искористам намирниците кои ги имам во фрижидер. Така беше и овојпат. При рака имав овошни јогуртчиња кои совршено ми послужија да го направам овој десерт. Едноставни за приготвување, овие овошни коцки се феноменални.
Коцки со овошен јогурт
By October 25, 2013
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 5 mins
- Ready In: 1 hr 20 mins
Кога готвам многу ми е важно е да ги искористам намирниците кои ги имам во …
Ingredients
- 150 г бисквити
- 150 г лешници
- 100 г шеќер
- 100 г путер
- 100 мл вода
- 1 кесичка желатин
- 100 мл млеко
- 400 мл овошен јогурт
- 150 г смрзнато овошје
- 150 мл вода
- 2 лажички густин
- 1-2 лажици шеќер
Instructions
1.Во блендер измелете ги биквитите и лешниците. Настрана, во сад, растопете го путерот заедно со шеќерот и водата и додадете ги во блендерот. Се добро изблендирајте за да добиете компактна смеса.
2.Калапот за колач обложете го со проѕирна фолија. Смесата истурете ја, рамномерно распоредете ја и калапот ставете го во фрижидер.
3.Млекото загрејте го скоро до степен на вриење и тргнете го настрана. Додадете го желатинот и со маталка матете се додека добро не се раствори во млекото.
4.Јогуртот префрлете го стаклен сад, во него сипете го растопениот желатин и мешајте се додека желатинот добро не се измеша со јогуртот.
5.Подготвениот јогурт истурете го врз бисквит смесата и оставете го во фрижидер се додека не се стегне (околу еден додва часа).
6.Во сад, ставете го овошјето, налијте го со вода и шеќер. Откако ке зоврие и овошјето ќе се одмрзне, додадете густин и мешајте се додека не се згусне (како за мармалад). Истурете го врз стегнатиот јогурт.
7.Колачот оставете го во фрижидер добро да се олади, исечете го на коцки и сервирајте го. Добар апетит!
- Cuisine: Десерт
- Course: Варење
- Skill Level: Едноставна