Предлог кој сигурно ќе им се допадне на вегетаријанците. Ќофтиња со зеленчук кој изобилуваат со витамини. Оброк кој го препорачуваме и на оние кои преферираат месо. Секоја промена верувајте е добра. А оваа сигурно ќе ве бендиса!

Ќофтиња од брокула и моркови

By Тетка Биберче Published: October 29, 2012

  • Prep: 40 mins
  • Cook: 15 mins
  • Ready In: 55 mins

Предлог кој сигурно ќе им се допадне на вегетаријанците. Ќофтиња со …

Ingredients

Instructions

  1. Состојки1.Брокулата исчистете ја и исечкајте ја. Морковот излупете го и исечкајте го на крукчиња. И компирот излупете го и исечкајте го на парченца.
  2. Подготовка на морковот и брокулата2.Во тава за готвење, ставете го сечканиот морков и брокула, зачинете го по желба, ставете неколку лажици масло за готвење и печете се додека зеленчукот не омекне и зарумени.
  3. Подготовка на компирот3.Компирот сварете го. Најбрз начин е да користите микробранова печка (во садот ставете малку вода и покријте го со растеглива проѕирна фолија. На ситно исечканиот компир му е потребно околу 5-7 минути за да биде сварен).
  4. Блендирање на морковот, брокулата, кромидот и лукот4. Во блендер, ставете го испечениот морков и брокула, додадете го сечканиот кромид, лук и блендирајте се додека не добиете компактна смеса.
  5. Смеса спремна за формирање на ќофтиња5.И сварениот кромид испасирајте го, додадете 1 лажица сенф и зачинете по желба.
  6. Подготвени ќофтиња6.Двете смеси измешајте ги и со помош на рацете формирајте ги ќофтињата кои треба се приближно исти.
  7. Смеса за похување7.Подготвените ќофтињата извалкајте ги во брашно, во изматено јајце и накрај во презла. Доколку планирате да ги консумирате покасно, слободно замрзнете ги.
  8. Подготвени ќофтиња8.Печете ги во загреана рерна, на 180 степени, околу 10 минути или се додека презлата не добие златно кафена боја. Сервирајте ги топли во придружба со татар сос, мајонез и нешто по ваша желба.