Кељот кој е еден од најхранливите зеленчуци. Одличен извор на калциум, магнезиум, витамин К, витамин А, витамин Ц, растителни влакна, железо, фолна киселина, аминокиселини, антиоксиданти флавоноид и лутеин. Достапен е во текот на целата година, а со него можат да се подготвуваат супер рецепти. Ова е еден од нив.
Напомена: Направените ќофтиња ќе бидат со темно зелена боја ако се прават од горните листови, но ако се направат од внатрешните, тие ќе бидат посветли.

[sws_scrollable_basic columns=”4″] [/sws_scrollable_basic]

Ќофтиња од кељ и просо

By Мама Лиле Published: March 13, 2014

    Кељот кој е еден од најхранливите зеленчуци. Одличен извор на калциум, …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Листовите се мијат, им се вади тврдениот дел во средината, се сечат на покрупни парчиња и се ставаат да се варат во посолена вода. Се варат додека листовите омекнат, но не смее да бидат премногу меки затоа што покасно, ќофтињата ќе се печат во рерна. Потребно им е околу 10-15 минути за да се сварат. Ако ќофтињата се прават од внатрешните листови (тие се посветли и помлади), тогаш и пократко време се варат. Откако листовите се омекнати се цедат низ цедалка и се оставаат да се оладат.
    2. 2.Во исто време, просто добро се промива преку цедалка и се става во тенџерче да се вари и тоа во солена вода. Односот на просо и вода е 1 : 2 (во нашиов случај се става 100 мл вода). И нему му е потребно 10 – 15 минути за да се свари. Вареното просо се остава да се олади.
    3. 3.Сварените листови од кељ се сечкаат на ситни парчиња, кон него се додава просото, јајцето, исечканиот лук, се додаваат солта, црниот пипер и зачините. Смесата добро се хомогенизира и се почнува со додавање на овесните трици. Не ја ставајте веднаш целата количина (50 г) Смесата што треба да се добие ќе боде мека но од неа ќе може со раце да се оформуваат ќофтињата. Секое ќофте се валка во лебни трошки во кои е додадено малку сусам.
    4. 4.Ќофтињата се редат во тава обложена со хартија и премачкана со путер или маст. Тавата се ставаат во загреана рерна на 230 С и се печат 10 -15 минути.