Дали ви паднало на памет дека можете да приготвите превкусни ќофтиња кои наместо со мелено месо ќе бидат со компир. Јас ги пробав, супер се, па затоа ви ги препорачувам и на вас.

Ќофтиња од компир

By Тетка Биберче Published: September 9, 2015

  • Prep: 15 mins
  • Cook: 20 mins
  • Ready In: 35 mins

Дали ви паднало на памет дека можете да приготвите превкусни ќофтиња кои …

Ingredients

Instructions

  1. Рендан компир1.Компирите измијте ги и изрендајте ги. Веднаш налејте ги со вода за да не ја сменат бојата.
  2. Рендан компир2.И кромидот исчистете го и изрендајте го.
  3. Цедење на компир3.Компирите исцедете ги, измешајте ги со ренданиот кромид, ставете ги врз газа и добро притиснете за да се исцеди вишок вода.
  4. Формирање на ќофтињата4.Во смесата додајте ги лебните трошки, јајцата, зачинете со сол и црн пипер и добро измешајте. Од смесата, со раце, формирајте ќофтиња.
  5. Пржење на ќофтињата5.Во подлабок сад, загрејте масло за готвење и пржете ги ќофтињата се додека не добијат златно кафена боја.
  6. Испржени ќофтиња6.Оставете ги на кујнска хартија за да се исцеди вишокот маснотија и сервирајте ги топли.
  7. Ќофтиња од компир - сервирани7.Совет: доколку ги спремите порано, пред сервирање, загрејте ги во рерна, на 180 степени, околу 10-тина минути.