Кога последен пат сте уживале во домашни свежи ќофтенца во сос од домати? Брзо се прават, а вкусот им е повеќе од одличен. Пријатен ручек!
Ќофтиња во сос од домати
By June 29, 2012
Published:Кога последен пат сте уживале во домашни свежи ќофтенца во сос од домати? …
Ingredients
- 500 гр мешано мелено месо
- 50 гр рендан пармезан (или пекорино)
- 2 јајца
- 1 супена лажица ливчиња од свежо нане (ситно исечкани)
- 1 супена лажица свеж магдонос (ситно исечкан)
- малку сол
- 1 кафена лажичка морско оревче
- 50 гр презли
- 300 гр доматен сос (за сосот)
- 2 чешниња лук
- 2 кафени лажички мајчина душичка
- 1/2 кафена лажичка црвен пипер
- малку маслиново масло
Instructions
- 1.За да ги направите ќофтињата, во подлабок сад ставете го месото, пармезанот, нането, магдоносот, презлите, морското оревче и јајцата, се добро измешајте и посолете. Меѓу дланките формирајте ќофтиња (како топчиња или како плескавички) и ставете ги во чинија.
- 2.Испржете ги ќофтињата убаво од сите страни на умерена температура во загреано масло (околу 10-тина минути)
- 3.За да го направите сосот, во тавче со малку масло ставете ги да се запржат лукот, мајчината душичка и црвениот пипер (околу минута-две), а потоа додадете го доматниот сос и оставете ја смесата да се вари околу 10-15 минути.
- 4.Додадете ги ќофтињата во сосот и нежно промешајте за сосот комплетно да ги покрие.
- 5.Послужете ги ќофтињата заедно со малку сос во подлабоки чинии, а одозгора испрскајте ги со малку свеж исечкан магдонос и рендан пармезан (ако сакате).
- 6.Забелешка: Одлично одат со пире. Добар апетит!
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна