А што велите денес да направиме нешто ем интересно ем вкусно за ручек? Пробајте го нашиот кох од печурки!

Кох од печурки

By Тетка Биберче Published: February 6, 2013

  • Prep: 15 mins
  • Cook: 45 mins
  • Ready In: 60 mins

А што велите денес да направиме нешто ем интересно ем вкусно за ручек? …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Лентите сланина ги сечкаме на коцки, a шампињоните ги сечкаме на парченца.
  2. 2.Во тава, која претходно сме ја попрскале со масло, ги нанесуваме ренданиот кашкавал, парчињата сланина и сечканите шампињони.
  3. 3.Наросуваме со лук во прав, зачинуваме со сол и црн пипер и додаваме од соја сосот.
  4. 4.Во поголем сад ги кршиме јајцата, додаваме три лажици бело и пченкарно брашно и прашокот за пециво. Го додававме пивото и јогуртот и мешаме се додека состојките не се соединат.
  5. 5.Смесата ја истураме во тавата за печење и печеме околу 45 минути на температура од 180 степени.
  6. 6.Кохот го оставаме малку да се олади, го сечеме на парчиња и го сервираме . Добар апетит.