Јадењето на еднолична храна, како и на храна која не е свежа, доведува до недостаток на одредени витамини кои му се потребни на организмот за да може правилно да функционира. За да дознаетекои витамини ви недостасуваат, доволно е само да се погледнете во огледало, и да ги забележите и најмалите детали и промени на вашето тело. Еве ги знаците кои треба да ги барате.

1. Кожа

Ако кожата ви е сува и забеежувате појава на перут, а на лицето ви се појавиле акни, тогаш ви недостасуваат витамините Б2, Е и Ц.

2. Очи

Кога очите ви се црвени и тешко поднесуваат посилна светлина, а под очите имате темни подочници, тогаш ви недостасуваат витамините А и бета-каротен.

3. Усни

Ако усните ви се распукани и имате рани по ивиците, тогаш имате недостаток од витамините Е и Б6.

4. Заби

Ако забите ви се дложни на кариес, тоа е показател дека ви недостасува калциум и витамин Ц.

5. Коса

Кога косата лесно се крши, сува е и имате расцветани врвови, а на кожата на главата ви се појавува перут, тоа е сигурен знак дека ви недостасуваат витамините Б2 и Б5.

6. Израз на лицето

Раздразлив и незадоволен израз на лицето исто така укажува дека во организмот има недостаток од витамините од групата Б.