Ако за сланината може да се каже дека во нашите краеви е популарна и често се употребува во исхраната, тогаш за маста, како маснотија која се употребува во кулинарството, тоа не може да се каже. Многумина сметаат дека таа НЕ Е ЗДРАВА, а на многумина мирисот не им се бендисува.

Сланина е поткожната маснотија од свињата заедно со кожата, а маста се добива по пат топење на сланината. Меѓутоа многу нешта за маста и сланината не ни се познати. Така на пример не е познато дека сланината го прочистува организмот од тешките метали. Исто така не е познато дека, ако сланината се конзумира заедно со лук и не повеќе од 100 г на ден тогаш, колку и да ви е чудно, таа има особина да ги чисти крвните садови од лошиот холестерол. Холестеролот, присутен во сланината, го стимулира создавањето на лимфоцитите – спасителите на организмот од вируси и други негови непријатели. Тоа пак значи дека го подобрува имунитетот. Сланината лесно се усвојува од страна на организмот и, што е многу важно, не го оптоварува црниот дроб. Во сланината се присутни витамините А, D, Е, каротинот, отсуствуваат јаглехидратите, а од микроелементите застапени се селенот и цинкот. Во сланината се присутни некои биолошки активни материи, кои ја прават многу полезен продукт за организмот. Меѓу нив се вбројува т.н. арахидонова киселина (полинезаситена масна киселина) која е неопходна за правилен раст на ткивата и органите во телото, а влегува во составот на мембраната на СЕКОЈА ќелија. Без оваа киселина не може да се одвиваат голем број имунолошки реакции и уште нешто што е многу битно е тоа дека оваа киселина, заедно со линолеинската киселина, го спречуваат таложењето на холестеролот во крвните садови. Оваа киселина не е присутна во растителните масла. Но, треба да имате во предвид дека за варење на маста, како и за секој друга маснотија, потребна е жолчката, поточно жочната киселина и ферментот наречен липаза. Токму затоа, лекарите не ја препорачуваат маста, ниту пак сланината, на личности кои имаат проблеми со жолчката. Полезните својства на сланината и маста се ограничени само ако истите се конзумираат во големи количини. Единствена негативност на сланината е тоа што таа е висококалоричен продукт. 100 г сланина содржи 902 ккал. Уште зошто сланината е корисна? Познато е дека за правилно функционирање, на човечкиот организам му се потребни 10% полинезаситени масни киселини, 30% заситени и 60% мононезаситени масни киселини. Токму ваков е нивниот сооднос во сланината. Не плашете се од здебелување, ако се конзумира сланина или маст во умерени количини, тоа никако нема да влијае на вашата телесна тежина.

Свежа или пржена сланина?

Без двоумење, свежа сланина, за тоа нема потреба да се дискутира. Сè е покорисно ако е термички необработено. При пржење на растително масло или при пржење на сланина, се губат корисните материи, но тие ќе се сочуваат во голема мерка ако не се загреваат на висока температура. Сланината не смее да се пржи до појава на чварки, доволно е само да се подзагрее. Таква, само малку подпржена сланина, дури и подобро се усвојува од страна на организмот и ги сочувува корисните материи.