Иако содржината на јод во човечкиот организам е многу мала, околу 25 мг, неговото значење е огромно. Најголем дел од јодот (околу 15 мг) се наоѓа во штитовидната жлезда која има главна улога при регулација на метаболизмот на организмот, додека останатиот дел од јодот се наоѓа во црниот дроб, бубрезите,  кожата, влакната и ноктите. Токму затоа, недостатокот на јод води кон сериозни нарушувања во целокупниот организам на човекот, па страда како умствениот така и физичкиот развиток на човекот. Јодот е неопходен при синтеза на тироксинот, но и за создавање на фагоцити (бели крвни зрнца) кои имаат задача да го уништуваат „ѓубрето“ во организмот. Фагоцитите ги „фаќаат“ и уништуваат микроорганизмите и мртвите клетки, но и оние кои се на пат да изумрат.

Која е улогата на јодот во организмот?

1. Присуство на доволно количина на јод во човечкото тело, сместен главно во тироидната жлезда, при секој циклус на крвта (ова трае 17 минути) убива бактерии кои, на еден или друг начин, навлегле во организмот. Кога крвта минува низ тироидната жлезда, јодот го ослабува дејството на бактериите, а со повеќекратна циркулација и ги уништува. При ниско ниво на јод во организмот, тироидната жлездата губи дел од нормалното функционирање.

2. Јодот има смирувачки ефект врз луѓето.

3. Јод ја подобрува на менталната способност на човекот.

Дефицит на јод

Околу 1,5 милијарди луѓе страдаат од дефицит на јод. Се поставува прашањето која е причината за недостаток на јод? Работата е во тоа што соединенијата на јодот се лесно растворливи во вода, па дождовите едноставно ги смиваат од продуктите преку кои вообичаено го примаме овој елемент.
Недостатокот на јод е причина за појава на Базедовата болест (појава на гушавост), може да предизвика вродени деформации на фетусот, раѓање на мртво дете, неплодност, абортус, застој во растот и развојот на деца, ментална ретардација, ризик од рак на тироидната жлезда, замор, раздразливост, чувство на слабост во утринските часови.

Како да проверите дали имате недостаток од јод?

Секој треба да има увид во содржината на јод во својот организам, особено жените и децата. Човек може сам да си определи дали има или не дефицит од јод во својот организам. Постапката е едноставна и лесна. За тоа е потребно да се набави јодна тинктура (ја има во аптеките). Навечер, пред легнување, на малку памук се капнуваат неколку капки од јодната тинктура и се нанесува на кое било место на кожата, најдобро е околу папокот. Намачканото место добива темно жолто обојување.
Ако следното утро не се гледа жолтото петно, тоа значи дека организмот има дефицит на јод, а ако се уште постои, но во посветла нијанса, тоа значи дека организмот нема дефицит на јод.

Вишок на јод

Не само недостатокот, туку и вишокот на јод во организмот води кон непожелни последици.
Состојбата на вишок од јод се карактеризира со зголемено лачење на слуз од носот, појава на знаци на настинка, појава на бронки по кожата (уртикарија) и други алергиски реакции.

Дневна доза

Дневната потреба од јод на здрав организам изнесува околу 150 мкг (микрограми), односно 0.150 мг (милиграми), а оваа количина се зголемува кај бремени жени и во периодот кога организмот расте. Треба да се има предвид дека големите дози од јод, на пример 2-3 г, претставуваат силен отров. Ова последново се однесува за чист, елементарен јод, а не на неговите соли (хемичарите ги нарекуваат јодиди) кои се потполно безопасни, па дури и ако се внесат во големи количини. Во тек од 24 часа, организмот преку бубрезите, истите ги исфрла.

Значи, дневната доза на јод во организмот за возрасна личност изнесува од 0,1 – 0,2 мг и се зголемува кај бремени жени и доилки, во услови на живот при многу високи и многу ниски температура, но и при недостаток на кислород.

Каде се среќава јодот?

Основен извор на јод на човекот му се водата, храната и солта, но се наоѓа и во воздухот, меѓутоа, дождовите го смиваат и повторно го враќаат во почвата. Јодот најмногу го има во морските алги и тоа во 100 г суви алги застапени се 26 – 180 мг јод, во морската зелка (кафена алга) јодот е застапен со околу 200 мг, во 100 г морска риба и морска храна има од 300 го 3000 мг јод. Јодот е застапен и во месото, млекото, јајцата и зеленчукот, а млечните продукти се лидери по содржина на јод. Во листата подолу е дадена содржината на јод во 100 г продукт.

Кравјо млеко – 16 мкг (микрограми)
Кефир – 14 мкг
Павлака, соја, грозје, зелена салата – 8 мкг
Грав – 12 мкг
Лук – 9 мкг
Цвекло – 7 мкг
Домати – 6 мкг
Лосос – 200 мкг
Свежа харинга – 92 мкг
`Рж – 8,3 мкг
Шампињони – 18 мкг
Јајца – 18 мкг
Овес – 20 мкг
Компир, морков, грашок – 5 мкг
Јаболка, портокали, вишни, црн патлиџан – 2 мкг
Круши, кајсии, црна ризбизла – 1 мкг
Просо – 4,5 мкг
Хељда – 3,3 мкг
Пченица – 1,5 мкг
Ориз – 1,3 мкг
Путер – 9 мкг
Говедско месо – 11,5 мкг
Брокула – 15 мкг
Спанаќ – 12 мкг

Ако сакате здраво да се храните, тогаш треба да знаете дека колку што има помалку јод во средината која не опкружува, толку повеќе треба да се конзумираат продукти богати со јод. Инаку, содржината на јодот во зеленчукот, житарките и други продукти зависи многу од составот на почвата каде што тие се одгледувани. Според тоа, не можете да бидете сигурни дека ако конзумирате такви продукти, тогаш сигурно ќе се внесе јод во својот организам. Тогаш се поставува прашањето: како да се надополни недостатокот на јод во организмот? Се препорачува да се консумираат морски плодови и свеж зеленчук колку што е можно повеќе.
Запомнете: количината на јодот значително се намалува при термичката обработка на продуктите, но и при нивно долго чување. Бајатите продукти го губат јодот. При варење на месо се губи до 50% јод, зовриено млеко губи околу 25%, при варење на компир во лушпа се губи околу 32%, а ако се вари во мали парчиња дури и 48%, со печење лебот губи околу 80%, при варење на зеленчук се губи околу 30-60% јод. Ова секогаш треба да се има предвид.
Со оглед на тоа што јодот е значаен за целокупниот организам, недостатокот вообичаено се компензира со додавање на калиум јодид во готварската сол, и тоа приближно 1 до 2,5 г на 100 кг сол.