„Рецептот е резултат на трудот на Г-ѓа Ангелина од Белград да постигне да го добие вкусот на оригиналните Баунти чоколатциња. Според мене, домашниов производ е подобар и од оригиналот…“ – ни рече Александра и ни го испрaти рецептот.

[sws_scrollable_basic columns=”3″] [/sws_scrollable_basic]

Кокос штангли

By Александра Published: March 10, 2014

    „Рецептот е резултат на трудот на Г-ѓа Ангелина од Белград да постигне да …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.На умерена температура, загрејте ја до вриење, павлаката заедно со шеќерот, путерот,солта и ванила кристалите, мешајќи повремено. Додајте го кокосот и убаво измешајте.
    2. 2.Во правоаголен сад со димензија 20 х 30см, ставете хартија за печење на дното, истурете ја смесата со кокосот, порамнете ја површината, прекријте со проѕирна фолија и оставете да се олади 1-2 часа на собна температура. Природното ладење на состојките, му дозволува на кокосот да го впие путерот подобро отколку при ладење во фрижидер, според советот на Г-ѓа Ангелина. Потоа префлете го садот во фрижидер да се лади уште најмалку десетина часа.
    3. 3.Смесата заедно со хартија поставете ја на работната површина и со остар нож или калапче, исечете ги штанглите, но без разлика со што ќе сечете, заради постигнување на попрецизна форма, многу често плакнете го сечивото со млака вода. Оставете ги штанглите во замрзнувач додека да го подготвите чоколадниот прелив.
    4. 4.На работната површина ставете лист хартија за печење. Во сад над пареа, стопете го чоколадото со маслото. Поставете штангличка на вилушка и потопете ја во чоколадото. Со друга вилушка, отстранете колку што е можно повеќе од вишокот чоколадо од дното, па спуштете го чоколатцето на хартијата. За да не се стоплат пребргу, штанглите од замрзнувачот вадете ги етапно. Вишокот чоколадо кој евентуално се појавил околу чоколатцата на хартијата, исечете го со остар нож. Во што помало ќесиче, ставете малку од чоколадниот прелив и исцртајте шарички одозгора. Готовите штангли, чувајте ги во фрижидер.