И коктел и десерт, две во едно уживање. Овие стапчиња освен што ќе ве разладат, бидете сигурни дека ќе ја разубават вашата маса. Бидете кул и поканете ги пријателите на вечерно коктелче, кој ќе ги импресионира со својот вкус и изглед.
Коктел лубеница на стапче
By August 28, 2012
Published:И коктел и десерт, две во едно уживање. Овие стапчиња освен што ќе ве …
Ingredients
- ½ лубеница (средна големина)
- 200 мл сок од зелен лимон
- 100 г шеќер
- 60 мл бела текила
- 4 зелени лимони
- 10 пластични чаши
- 10 дрвени стапчиња
Instructions
1.Лубеницата исечете ја на парчиња. Ставете ги парчињата во блендер заедно со шеќерот. Измиксирајте.
2.Добиената содржина убаво процедете ја. Во садот додадете цеден сок од зелен лимон и текила.
3.Подгответе ги стапчињата. Исечете 10 кручиња зелен лимон и на секое во средина ставете по едно стапче.
4.Во пластични чаши налијте од подготвената смеса. Одозгора на секое ставете стапче со зелен лимон.
5.Ставете ги во замрзнувач преку ноќ убаво да се стегнат. Извадете ги непосредно пред дегустација.