Ако го сакате вкусот на ментол, тогаш сигурно ќе ви се допадне овој свеж, летен коктел. А да не спомнуваме дека истовремено добивате и рецепт за сируп од нане :). Уживајте!

Коктел со сируп од нане

By Гастронаутка Published: September 7, 2012

    Ако го сакате вкусот на ментол, тогаш сигурно ќе ви се допадне овој свеж, …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Најпрво направете го сирупот така што ќе ја ставите водата со шеќерот на оган да зоврие. Кога ќе зоврие, оставете го на оган уште 5 минути, а потоа тргнете го и ставете го нането внатре (со се гранчиња). Оставете го да отстои 24 часа, а потоа соберете го во шишенце или тегла и чувајте го во фрижидер (може да стои неколку месеци).
    2. 2.За да го направите коктелот, наполнете ниски чаши (за виски) со мраз до половина, потоа ставете 2 лажици од сирупот и 50-60 мл коњак. Додадете уште неколку ливчиња нане во чашата и на врвот посипете малку шеќер во прав. Послужете со кратка цевка (исечете ја околу 3 см над врвот од чашата).