Сонувам за денот кога ќе можам да направам оригинал коктел забава во домашни услови. Нешто скоро? Нема шанси, коа ми доаѓаат гости, се знае дека на масата ќе и се додава делот за продолжување, дека ќе се бараат резервни столици од комшиите, и дека ќе има поставено барем по две чинии (една мала нели, за мезе и салати, и една голема за главното јадење). Оние за десерт обично ги вадам накнадно. Исто така, се знае дека мора да има барем едно 3, 4, 5 различни видови на салати, плус мезе, плус главно јадење, плус гранир и така натаму…. Нема крај!

Да не ме разберете погрешно, си ги сакам и пријателите и кујната, и уживам да готвам за тие што и сакам. Ама некако ми се прави ќеф еднаш барем да имам коктел забава. Знаете она, сплескај нешто ситно, се во залачиња, нареди некаде на страна и уживај. Затоа, кога ги видов овие коктел тањирчиња, се шекнав и тоа во права смисла на зборот. Си викам, е ако ова не ми успее, ништо друо нема. Во суштина, се надевам дека луѓево ќе бидат толку зашеметени од тањирчињата што нема ни да забележат дека не сум зготвила храна колку за една војска :) … Туку, нарачајте си и вие по еден-два комплети од овие тука, па здравје – можеме и заедно да оранизираме некој коктел :)