Превкусни кекси со праска кои на прв поглед може да ве измамат и да помислите дека станува збор обично јајце на око. Токму во ова се крие трајната на овој совршено декоративен рецепт. Едноставен за правење, идеален за со попладневно кафе со вашите пријатели. Десерт која мора да го приготвите.
Кекси со праска или кајсија
By August 28, 2012
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 10 mins
- Ready In: 30 mins
Превкусни кекси со праска кои на прв поглед може да ве измамат и да …
Ingredients
- 250 гр брашно
- 100 гр путер (ладен)
- 5 лажици шеќер во прав
- 1 ванилин шеќер
- 4 до 6 лажици млеко (ладно)
- 1 конзерва кајсии/праски (ви требаат од 15 до 20 половинки)
- малку сол
- 150 гр шеќер во прав (за филот)
- 6 до 8 лажици сок од лимон (за филот)
Instructions
- 1.Измешајте го брашното, солта, шеќерот и шеќерот во прав.
- 2.Исечкајте го путерот на ситни парченца, додадете го во брашното и мешајте додека не добиете тесто како да е направено од трошки.
- 3.Ставете ги четирите лажички млеко и мешајте додека тестото не стане мазно и не почне да се лепи за прсти (по потреба додадете уште малку млеко)
- 4.Работната површина посипете ја со брашно. Размесете го тестото со дебелина од 5 мм.
- 5.Со калапче или пак обична чаша извадете кругови.
- 6.Печете во добро загреана рерна од 8 до 10 минути додека додека краевите не добијат румена боја (плехот предходно обложете го со хартија за печење)
- 7.Оставете ги кексите добро да се оладат. Во меѓувреме подгответе го филот и спремете ги кајсиите/праските.
- 8.Измешајте го шеќерот во прав со лимоновиот сок во густа смеса.
- 9.Извадете ги кајсиите од конзерва на кујнска хартија. Оставете ги да се подисушат од вишокот течност.
- 10.Со лажичка нанесете го филот на секој кекс поединечно. Ставете по половина кајсија/праска на средина.
- 11.Оставете ги кексите добро да се исушат, а потоа послужете. Добар апетит!