Многу, многу освежителен колач од мандарини, за кој вашето непце ќе ви биде благодарно – ни порача нашата читателка Лилјана Илиева.
Колач од мандарини
By February 20, 2013
Published:Многу, многу освежителен колач од мандарини, за кој вашето непце ќе ви …
Ingredients
- 400 г мандарини (5-6 мандарини)
- 125 г маргарин
- 250 г шеќер
- 3 јајца
- 200 г брашно
- 60-70 г кокос
- 1 пакетче прашок за пециво
- 250 мл сок од мандарини или портокали (за преливот)
- 150 г шеќер
- малку рендана кора од портокал
Instructions
1.Мандарините измијте ги во вода и ставете ги да вријат 2 минути. Тргнете ги од огнот, истурете ја таа вода, ставете повторно вода и вратете ги на огнот - нека вријат до нивно потполно омекнување. Исцедете ги од водата по што истите заедно со лушпата ќе ги сомелете во процесорот - да добиете кашеста смеса - пулпа.
- 2.Маргаринот стопете го и ставете го настрана.
3.Јајцата заедно со шеќерот матете ги, а откако добро се обработени додадете ја пулпата од мандарини - измешајте, додадете го стопениот и оладен маргарин, сега брашното во кое сте измешале пецивото и кокосот, измешајте и ставете во модли за мафини, мали куглофчиња или наједноставно со тавче.
- 4.Печете во претходно загреана рена на 180 степени околу 15 мин.
- 5.Печени оставете ги и нека оладат малку, потоа извадете ги од модлите - но пак ќе ги вратите назад во самите модли за да го додадете преливот.
- 6.Исцедениот сок од мандарини или портокалот заедно со шеќерот и ренданата кора оставете го да зоврие, прелијте ги колачите.
- Cuisine: Десерт
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна