Безобразно вкусен но уште побезобразно нефотогеничен колач:)“ – ни рече нашата пријателка Валентина која овој колач ја изнамачи да направи поубави слики.

.

Колач овошно виножито

By Валентина Крстевска Published: March 3, 2013

    „Безобразно вкусен но уште побезобразно нефотогеничен колач:)“ - ни рече …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.За бисквитот: Пенасто изматете ги блеките се додека не се добие цврст снег. Една по една додавајте ги жолчките, но по секоја жолчка прво убаво изматете за да се изедначи смесата. Додајте го постапно и шеќерот, потоа брашното со пецивото,па на крајот стопеното чоколадо,маслото и млекото. Загрејте ја рерната на 180 степени.
    2. 2.Плехот од шпоретот премачкајте го внимателно со 4-5 лажици масло,а потоа 4-5 лажици брашно истурете на неговата потесна страна. Со лесно потчукнување на плехот одоздола, распоредете го брашното насекаде (не треба да дозволите да се натрупа брашно само на едно место, туку како прашина да го има насекаде). Сега истурете ја смесата за бисквит во плехот и печете 20-25 минути, или проверете го бисквитот со чепкалка за заби-кога ќе ја боцнете во тестото, да не останат траги по неа. Откако бисквитот ќе се олади, прелијте го со подготвеното млеко.
    3. 3.За кремот: Во малку млеко растворете го шеќерот и прашокот за пудинг. Остатокот од млекото зовријте го на умерена температура и на вообичаен начин подгответе густ пудинг.
    4. 4.Внимавајте: кремот е многу густ затоа препорачувам да го приготвувате во ростфрај сад и постојано да го мешате бидејќи лесно може да загори. Сварениот пудинг, прекријте го со проѕирна фолија и оставете го да се олади.
    5. 5.Путерот убаво изматете го па во него постепено додавајте лажица по лажица од оладениот пудинг. Ова се прави постепено за да не дозволите мастите од путерот да не се спојат со пудингот (вкусот е ист, но кремот не е многу убав на око).
    6. 6.Со овој крем премачкајте го бисквитот, а одозгора украсете го колачот со сезонско свежо или замрзнато овошје. На сликата на целиот колач преливот се уште не е ставен. Преку овошјето истурете го подготвениот прелив за торти или желатинот.
    7. Колач овошно виножито7.Напомена: и преливот за торти и желатинот се подготвуваат вака: со 250 мл вода и 3 лажици шеќер се раствора прашокот,се остава 5 минути да набубри, па на слаб оган се вари без да се дозволи да проврие. Не грижете се,на крајот ќе добиете течност, но таа многу бргу желира откако ќе ја прелиете преку овошјето.