Интензивниот вкус на ореви го прави колачот „Парижанка“ да биде едноставно неодолив. А интересното е она што со тек на време, овој колач станува се поубав и поубав. Затоа, без брзање, подгответе го порано и слободно послжуте го подоцна, се разбира доколку остане 🙂
[sws_scrollable_basic columns=”4″] [/sws_scrollable_basic]
Колач „Парижанка“
By January 9, 2014
Published:- Prep: 30 mins
- Cook: 15 mins
- Ready In: 45 mins
Интензивниот вкус на ореви го прави колачот „Парижанка“ да биде …
Ingredients
- 2 јајца
- 200 г ореви (мелени)
- 130 г шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 70 г путер (растопен)
- 150 г шеќер во прав
- 1 лажица сок од лимон
Instructions
- 1.Тавата за печење (20x20 см) намачкајте ја со путер и обложете ја со хартија за готвење. Не заборавајте да ги обложите и страничните делови.
- 2.Со миксер, изметете две жолчки заедно со 130 г шеќер и ванилин шеќер. Додадете ги измелените ореви и растопен путер. Добро измешајте. Смесата истурете ја во тавата за печење и добро израмнете ја.
- 3.Со миксер, најпрвин изматете ги белките без шеќер во прав. За подобро да се изматат ставете прстофат сол. Потоа, малку по малку, додавајте шеќер во прав. Изматените белки истурете ги врз смесата со мелени ореви.
- 4.Со остар и влажен нож, колачот пресечете го на коцки или пак на правоаголници.
- 5.Печете во загреана рерна, на 150 степени, околу 15 минути, но внимавајте да не потемни шлагот. Оставете го да се олади, повторно пресечете го и складирајте го во кутија за колачи. Со стоење, овој колач станува се поубав и поубав.
- Cuisine: Десерт
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна