И брзо и вкусно. Готвењето никогаш не било полесно. Пригответе супер колач со ананас и повикајте ги пријателите на парче десерт и шолја кафе. Убаво друштво и од срце подготвен колач. Добар апетит.
За подготовка на овој рецепт го користевме силиконскиот сад Мini steam case на производителот Lekue изработен од 100 % платинум силикон кој лесно се одржува, ги задржува сите вкусови на едно место, нема потреба од никакво намастување и нуди опција со него да приготвувате вкусни јадења и во микро печка. Побарајте го и купете го во продавницата на Карес.
[sws_scrollable_basic columns=”4″] [/sws_scrollable_basic]
Колач со ананас
By March 15, 2014
Published:- Prep: 10 mins
- Cook: 30 mins
- Ready In: 40 mins
И брзо и вкусно. Готвењето никогаш не било полесно. Пригответе супер …
Ingredients
- 100 г ананас (од конзерва)
- 1 јајце
- 50 г кафеав шеќер
- 50 г брашно (25 г интегрално + 25 г бело брашно)
- 1/2 лажичка прашок за пециво
- 50 г масло за готвење
- малку мелени ореви (за наросување)
- малку шеќер во прав
Instructions
- 1.Ананасот од конзерва исцедете го и исечкајте го на ситни коцки. Доколку користите свеж ананас, излупете го, исечкајте го и малку карамелизирајте го.
- 2.Во длабок сад, изматете го јајцето заедно со шеќерот. Додатете масло за готвење.
- 3.Брашното измешајте го со прашокот за пециво и додадете го во садот со јајцето.
- 4.Додадете ги и сечканиот ананас и смесата добро измешајте ја.
- 5.Истурете ја смесата во силиконскиот сад за печење на Lekue (mini steam case), истурете малку мелени ореви и затворете го садот
- 6.Колачот печете го во загреана рерна, на 180 степени, околу 20 минути. Садот отворете го и печете уште 10 минути се додека не добие златно-кафена боја.
- 7.Колачот оставете го да се олади, исечете го и сервирајте го. По желба, наросете со шеќер во прав.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна