Супер лесно колаче со вкус на цимет кое не само што е вкусно, туку и изгледа фантастично. Плус, не ви требаат ножиња и даски за да го исечете, слоевите сами се двојат. Уживајте!
Колач со цимет и шеќер
By January 25, 2013
Published:- Prep: 1 hr 10 mins
- Cook: 30 mins
- Ready In: 1 hr 40 mins
Супер лесно колаче со вкус на цимет кое не само што е вкусно, туку и …
Ingredients
- 400 г бело брашно
- 50 г шеќер
- 1 сув квасец
- 1/2 кафена лажичка сол
- 2 јајца
- 60 г путер
- 80 мл млеко
- 60 мл вода
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 200 г шеќер (за филот)
- 2 кафени лажички мелен цимет (за филот)
- 60 г путер (за филот)
Instructions
1.Во подлабок сад измешајте го брашното, квасецот, ванилиниот шеќер, солта и 50 г шеќер.
2.Изматете ги јајцата, а путерот растопете го заедно со млекото на пареа или во микробранова печка. Откако ќе се растопи, додадете ја водата и измешајте.
3.Спојте ги сувите состојки со смесата од млеко, вода и путер и замесете убаво и мазно тесто. Оставете го да отстои барем 30 минути или додека не се зголеми двојно во волумен.
4.Откако ќе порасне тестото, расукајте го во кора со дебелина околу 4-5 мм во правоаголна форма. Потоа измешајте го остатокот од шеќерот со циметот.Растопете го остатокот од путерот, и со четка размачкајте го врз кората.
5.Посипете ја кората со шеќер и цимет. Пресечете ја на еднакви ленти со ширина колку тавчето за печење, наредете ги лентите една врз друга, а потоа пресечете ги на коцки.
6.Наредете ги коцките тесто вертикално во тавчето. Покријте го колачот со крпа и оставете го да постои уште 35-40 минути, а потоа печете во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути или додека не добие убава темна боја.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна