Прекрасна ужина, колач со парчиња печени јаболка зачинети со цимет – и благодариме на Магдалена Бошеска за овој прекрасен рецепт.
Колач со јаболка
By December 25, 2012
Published:Прекрасна ужина, колач со парчиња печени јаболка зачинети со цимет – и …
Ingredients
- 4 јајца (состојки за пандишпан)
- 10 лажици брашно (состојки за пандишпан)
- 10 лажици шеќер (состојки за пандишпан)
- 100 мл млеко (состојки за пандишпан)
- 100 мл масло за готвење (состојки за пандишпан)
- 1 кесичка пра (состојки за пандишпан)
- 1 лажица екстракт од ванила (состојки за пандишпан)
- 1 кг јаболка
- 200 г суво грозје
- 1-2 лажички цимет
- 1 лажица презла
- 2-3 лажички шеќер
Instructions
- 1.Јаболката се лупат и сечкаат на резанки. Се редат во тавче кое претходно е обложено со хартија за печење и на која имаме посипано лебни трошки, малку шеќер и цимет.
- 2.Одозгора се наросува сувото грозје (може и брусница ), повторно шеќер и цимет и се пече во загреана рерна, на 180 степени, околу 30 минути.
- 3.Во меѓувреме, подгответе ја смесата за пандишпан. Во пластичен сад, измешајте ги сте состојки.
- 4.Подготвената смесата за пандишпанот се истура врз печените јаболката и повторно се пече на 180 степени уште 20 минути.
- 5.Откако ќе се испече, колачот се превртува и се чека малку да се олади (да се стегнат јаболките) и се вади хартијата. Одозгора се наросува со шеќер во прав.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна