Ако сакате марципан, тогаш еве нешто што сигурно нема да ве остави рамнодушни. Плус, можете овие јагоди во сируп да ги подготвите и да ги послужите како посебен десерт. Супер, нели?

Колач со јагоди во црвено вино

By Гастронаутка Published: July 15, 2013

  • Prep: 10 mins
  • Cook: 50 mins
  • Ready In: 60 mins

Ако сакате марципан, тогаш еве нешто што сигурно нема да ве остави …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Ставете ги јагодите во подлабок сад и посипете ги со шеќерот и виното. Оставете го садот во фрижидер барем 12 часа.
  2. 2.После 12 часа, исцедете ги јагодите, а смесата со вино ставете ја во тенџерче. Додадете уште 60 мл вода и парчето кора од лимон и варете на силен оган додека не добиете густ сируп. Оставете го сирупот потполно да се олади, а потоа истурете го врз јагодите и повторно се вратете во фрижидер.
  3. 3.Загрејте ја рерната на 160 степени и добро подмачкајте го тавчето за печење со масло (величина 28 см).
  4. 4.Издробете го марципанот во блендер, потоа додадете го шеќерот во прав и мешајте додека смесата не се соедини (може и со миксер). Додадете го путерот и добро измиксирајте. Потоа едно по едно додавајте ги јајцата со постојано миксирање.
  5. 5.Додадете го брашното во кое претходно сте го измешале прашокот за пециво, добро измешајте и распоредете го во тавчето за печење.
  6. 6.Покријте го тавчето со фолија (бидејќи колачот брзо гори) и печете покриено 20 минути. Потоа извадете ја фолијата и печете уште 20 минути (пазете го, па ако почне да гори одозгора, вратете ја фолијата). Проверете со чепкалка дали е испечен колачот пред да го извадите.
  7. 7.Почекајте 5-10 минути, а потоа извадете гоколачот од тавчето и оставете го убаво да се олади. При послужувањето, врз секое парче колач испрскајте малку шеќер во прав, ставете 1-2 лажици од јагодите со сируп, и додадете 1 лажица шлаг пена за декорација.