Уште при самото приготвувањето мирисот отвора апетит, особено додека се карамелизира бананата. Епа ајде сега биди на диета ако можеш. Вистинска уметност е ако барем успееш да останеш на само едно излапано парче.

Колач со карамелизирана банана

By Тетка Биберче Published: March 15, 2013

  • Prep: 20 mins
  • Cook: 35 mins
  • Ready In: 1 hr 25 mins

Уште при самото приготвувањето мирисот отвора апетит, особено додека се …

Ingredients

Instructions

  1. Подготовка на тестото1.Во сад, со миксер, изматете го брашното заедно со прашокот за пециво, додадете путер, јајце, 2 лажици шеќер, јогурт и прстофат сол. Кога ќе добиете мазно тесто, покријте го и оставете го фрижидер, да одмори, барем половина час.
  2. Карамелизација на шеќерот2.Во тава, на оган, растопете го путерот за карамел и додадете го шеќерот. Мешајте се додека шеќерот не се растопи и не се карамелизира т.е. добие златно-кафена боја.
  3. Тава со карамел3.Брзо и додека е се уште во течна состојба, карамелот истурете го во правоаголна тава за леб.
  4. Тава со банани4.Во меѓувреме, бананите пресечете ги на пола и надолж и наредете ги врз карамелот.
  5. Колач спремен за печење5.Одозгора ставете го претходно подготвеното тесто и добро притиснете.
  6. Испечен колач6.Печете на 200 степени, околу 35 минути. Извадете го од рерна, оставете го само неколку минути и веднаш превртете го врз чинија.