Првото нешто што научив сама да го подготвувам беше токму овој колач по рецептот на мојата наставничка по француски јазик – ни рече Валентина Крстевска на која сме и бескрајно благодарни што го сподели со нас и нашите пријатели.

Колач со карамелизирани јаболка Recipe

By Валентина Крстевска Published: January 19, 2013

    Првото нешто што научив сама да го подготвувам беше токму овој колач по …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Во длабок сад се карамелизира шеќерот додека да добие боја на светол мед и целосно да се стопи.
    2. 2.Внимателно, во садот, се додава водата и подготвените јаболки,сето ова се вари на тивок оган додека да омекнат јаболките.
    3. 3.Потоа се прецедува смесата, сокот се остава да се олади, а јаболките убаво се пасираат. Откако ќе се оладат, се додава циметот (доколку го додадете додека се жешки, циметот ќе остане згрутчен, како кога во врела течност додавате брашно).
    4. 4.Од сокот во кој се вареле јаболките одземете околу 1 дл(100 млилитри)и со тоа растворете ги пудинзите, внимателно да не ви останат грутчиња.
    5. 5.Остатокот од течноста зовријте го,па растворените пудинзи сварете ги на вообичаен начин(без да додавате било што друго-само течноста и прашокот за пудинг).
    6. 6.Во длабока тава со димензија 23 х 40см, наредете еден ред бисквити,врз нив распоредете 1/3 од смесата со јаболки,па ова уште еднаш повторете го(значи вкупно 2 реда бисквити и 3 реда јаболки),а на крајот сето ова прелијте го со подготвениот пудинг. По желба одозгора украсете со шлаг.
    7. 7.Напомена: колачот треба да отстои неколку часа или уште подобро преку ноќ, за да се натопат бисквитите и за да може убаво да се сечат парчињата.