Овој колач го правам кога на брзина треба нешто благо во домот, бидејки многу лесно и брзо се подготвува. И ако сте подготвиле компот од праски, да не мора да се купува, тогаш тоа е причина плус.
Колач со праски
By February 25, 2013
Published:Овој колач го правам кога на брзина треба нешто благо во домот, бидејки …
Ingredients
- 1 компот од праски
- 4 јајца
- 1 шолја шеќер
- 1 шолја сок од компотот
- ½ шолја масло за јадење
- 1 ½ шолја брашно
- 1 кесичка прашок за пециво
Instructions
- 1.Во пластичен сад изматете ги јајцата и шеќерот. Потоа додадете го маслото и повторно изматете.
- 2.Ставете една шолја сок од компотот, додадете брашно и прашок за пециво. Сите состојки убвао изматете ги за да добиете фина хомогена смеса.
- 3.Загрејте ја рерната. Исечкајте ги праските на резанки. Половина од смесата истурете ја во добро намастено тавче за печење.
4.Печете околу 10 минути. Пред да добие убава златно кафена боја, извадете го тестото и одозгора наредете праски.
5.Додадете ја и другата половина од смесата и повторно вратете го колачот да се допече.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна