Оние кои сакаат урми просто ќе го обожаваат овој колач. Зошто тогаш да не им го направите и ги изненадите со превкусен десерт. Едноставен е за правење, а верувајте ќе измамите насмевка на некое лице.
Колач со урми
By October 15, 2013
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 45 mins
- Ready In: 60 mins
Оние кои сакаат урми просто ќе го обожаваат овој колач. Зошто тогаш да не …
Ingredients
- 180 г брашно (за тесто)
- 60 г шеќер во прав (за тесто)
- 125 г путер (за тесто)
- 2 лажици ладна вода (за тесто)
- 1 јајце (за тесто)
- 250 г урми (за фил)
- 50 г шеќер (за фил)
- 50 г кафеав шеќер (за фил)
- 250 г маскарпоне (за фил)
- 2 јајца (за фил)
- 1-2 кесички ванилин шеќер (за фил)
Instructions
1.Во кујнска машина (или пак со миксер), измешајте го брашното заедно со шеќерот во прав и путерот. Додадете една жолчка и 2 лажици ладна вода и продолжете со мешање.
2.Со рацете, измесете го тесто се додека не добиете компактна маса. Завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер барем 30 минути за добро да се олади.
3.Калапот за печење добро намачкајте го со путер. Тестото кружно расукајте го и префрлете го во калапот. Обликувајте го и со виљушка избоцкате ја површината за да не нарасне пред печење.
4.Печете го во загреана рерна, на 160 степени, околу 15 до 20 минути.
5.Во меѓувреме, во сад, потопете ги урмите со 150 мл вода. Додадете кафен шеќер и варете ги околу 7 минути или се додека не омекнат. Исцедете ги и оставете ги да се оладат.
6.Со миксер, изматете ги јајцата (и едната белката) заедно со шеќерот. Додадете го маскарпонето и матете се додека не добиете фина смеса.
7.Ставете ги урмите врз испечениот колач.
8.Одозгора, истурете го подготвениот фил.
9.Печете го колачот околу 25 до 30 минути или се додека не добие златно-кафена боја.
10.Оставете го малку да се олади, пресечете го и сервирајте го. Добар апетит!
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна