Црно однадвор, а одвнатре изненадување. Растопено бело чоколадо, кое се топи во уста. Превкусни колачиња кои ќе ви се најдат за секоја пригода. Како додаток со кафе, за десерт по појадокот или за ужина со шолја чај.
Колаче - чоколадно изненадување
By September 25, 2015
Published:- Prep: 25 mins
- Cook: 15 mins
- Ready In: 1 hr 40 mins
Црно однадвор, а одвнатре изненадување. Растопено бело чоколадо, кое се …
Ingredients
- 230 г брашно
- 110 г путер
- 80 г шеќер
- 70 г кафеав шеќер
- 2 поголеми јајца (или 3 помали)
- 2 лажици какао во прав
- 1 лажичка прашок за пециво
- 100 г бело чоколадо
- малку млеко (по потреба)
Instructions
1.Путерот изматете го заедно со шеќерот и додадете ги јајцата. Брашното измешајте го со прашокот за пециво и какаото во прав и додадете го во смесата. Добро изматете. По потреба додадете 1 до 2 лажици млеко доколку смесата е премногу тврда. Завиткајте го во фолија и оставете го во фрижидер барем 1 час да одмори.
2.Земете 1 лажица од смесата за колаче и во средината ставете 1 коцка бело чоколадо. Врз белото чоколадо ставете уште една лажица од смесата за колаче. Формирајте го колачето.
3.Ставете ги врз хартија за печење и печете ги колачињата на 180 степени околу 10 до 15 минути. Оставете ги колачињата да се оладат и сервирајте ги.