Ви фали ли колаче за утриското кафе или за попладневната закуска со шолја млеко или чај. Тогаш имаме супер идеја, која ќе ги задоволи вашите барања. Мафини со афион, супер додаток.
Колачиња со афион
By May 16, 2013
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 15 mins
- Ready In: 35 mins
Ви фали ли колаче за утриското кафе или за попладневната закуска со …
Ingredients
- 125 г путер
- 150 г шеќер
- 2 јајца
- 200 г урда (несолена )
- ванилин шеќер
- 250 г брашно
- 1 лажичка прашок за печење (сода бикарбина)
- 50 г семе од афион (мелено)
- 1/2 лажичка сол
- 125 мл млеко
Instructions
- 1.Во пластичен сад, се меша брашното заедно со прашокот за пециво и измелениот афион.
- 2.Во друг сад, се мати путер заедно со шеќерот и ванилата се додека не добиете хомога смеса.
- 3.Во истата смеса се додаваат јајцата (едно по едно) и урдата (помината низ цедалка за да нема грутчиња).
- 4.Кон оваа смеса се додаваат смесата од брашното и се истура млекото. Сето тоа добро се меша.
- 5.Се полнат 18 калапи за мафини. Се ставаат во загреана рерна на180 ° C и се печат додека малку поруменат (околу 15 минути).
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна