Сезоната на приготвување на нова тура џемови е во полн ек. Бидејќи ми остана некоја тегла од минатата година решив да ги направам овие колачиња со домашен џем од јагоди сезона 2011/2012. Еве како излегоа. Верувајте превкусни се.
Колачиња со домашен џем
By September 4, 2012
Published:- Prep: 18 mins
- Cook: 12 mins
- Ready In: 30 mins
Сезоната на приготвување на нова тура џемови е во полн ек. Бидејќи ми …
Ingredients
- 325 г брашно
- 230 г путер (омекнат на собна температура)
- 150 мл слатка павлака
- 2 лажици шеќер
- прстофат сол
- средна тегла џем
- шеќер во прав за посипување
Instructions
1.Во голем сад со електричен миксер изматете ја слатката павлака со парченцата путер. Додадете шеќер и сол. Откако добро ќе се соединат ставете го брашното. Миксирајте неколку минути.
2.Тестото не треба да биде премногу меко. Треба да изгледа нешто слично како на сликава. Со прсти вдлабнете за да проверите во каква состојба е. Ако е меко додадете малку брашно.
3.Исукајте го тестото со дебелина од пола милиметар. Со ноже направете идентични правоаголници. На секое ставете по една лажичка џем. Јас користам од јагоди вие можете по избор.
4.Правоаголниците преклопете ги во форма на отворени писма. Во меѓувреме загрејте ја рерната на 175 степени. Откако сите ќе бидат готови наредете ги во плех обложен со хартија за печење.
5.Печете 12 минути додека колачињата не добијат златно кафена боја. Нека се оладат неколку минути потоа наросете ги со шеќер во прав и дегустирајте.