Дефинитивно ова е еден од наједноставните десертчиња што можат да се подготват со само 5 состојки. Доколку сте љубители на ореви, сигурни сме овие колачиња ќе ги освојат вашите симпатии. Ако не, заменете ги со бадеми или лешници и пак ќе добиете прекрасен десерт.

Мафини со ореви

By A.A.З. Published: May 26, 2014

    Дефинитивно ова е еден од наједноставните десертчиња што можат да се …

    Ingredients

    Instructions

    1. Брашно, шеќер, ореви - Мафини со ореви1.Во пластичен сад измешајте го брашното, шеќерот и сечканите ореви.
    2. Јајца и путер - Мафини со ореви2.Во друг сад изматете го путерот со јајцата. Мешајте се додека путерот убаво не се растопи.
    3. Подготвена смеса - Мафини со ореви3.Смесата од јајца и путер добро измешајте ја со смесата од брашно.
    4. Наполнети модли - Мафини со ореви4.Модлите во кои ќе се печат мафините намачкајте ги со путер и наполнете ги со подготвената смеса. Пазете да не ги преполните, т.е. наполнете ги најмногу 2/3 од модлите.
    5. Готови мафини5.Печете во загреана рерна на 180 степени околу 20 до 25 минути. Совет: ако сакате да се посочни, додека се уште топли, одозгора ставете парче путер.