Супер вкусни колачиња кои откако еднаш ќе ги пробате тврдиме дека ќе ви станат омилени. Одличен спој на неколку вкусови, особено на праски и сето ова со шмек на цимет.
Колачиња со праски и цимет
By September 14, 2013
Published:Супер вкусни колачиња кои откако еднаш ќе ги пробате тврдиме дека ќе ви …
Ingredients
- 280 г брашно
- 1 ½ лажичка прашок за пециво
- 1 лажичка цимет
- 110 г путер
- 150 г шеќер
- ½ лажичка сол
- 2 јајца
- 2 лажички ванила екстракт
- 120 мл млеко
- 2 големи праски (може и оние од конзерва)
- 4 лажици шеќер (состојки за топингот)
- 1 лажица брашно (состојки за топингот)
- ½ лажичка цимет (состојки за топингот)
- 2 лажички масло за јадење (состојки за топингот)
Instructions
1.Во сад ставете го брашното, прашокот за пециво, циметот и солта. Измешјате ги.
2.Во друг сад изматете го путерот и шеќерот, а потоа додадете ги јајцата, млекото и ванилата. Измешајте ги двете добиени смеси. Течната и онаа со брашно.
3.Додадете ги праските претходно исечкани на парченца. Измешајте ја целата смеса.
4.Наполнете ги модлите со подготвената смеса.
5.Подготовте го топингот. Измешајте 4 лажици шеќер, со една лажица брашно и половина лажичка цимет.
6.На секое колаче ставете по една лажица топинг.
7.Печете на 175 степени околу 25 минути. Откако колачињата ќе бидат готови оставете ги неколку минути да се оладат, а потоа извадете ги од калапчињата.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна