Превкусни колачиња, со додаток вишни декорирани со путер крема. Зарем има нешто подобро од ова? Рецепт кој од се срце го препорачуваме зошто знаеме дека многу ќе ви се допадне.


За подготовка на овој рецепт го користевме силиконскиот сад Decopen на производителот Lekue изработен од 100 % платинум силикон. Побарајте го и купете го во продавницата на Карес.

 

Колачиња со вишни

By Тетка Биберче Published: April 15, 2014

  • Prep: 25 mins
  • Cook: 15 mins
  • Ready In: 55 mins

Превкусни колачиња, со додаток вишни декорирани со путер крема. Зарем има …

Ingredients

Instructions

  1. Подготовка на смесата за мафини1.Во силиконски сад, соодветен за микробранова печка, ставете го чоколадото, путерот и шеќерот. Во микро, растопете ги (микрото уклучете го неколку пати на 20 секунди). Доколку користите обичен сад, на пареа растопете го чоколадото, путерот и шеќерот.
  2. Матење на јајцата2.Во смесата додадете ги јајцата и матете се додека не добиете хомогена смеса.
  3. Додавање на брашно во смесата3.Настрана, помешајте го брашното, прашокот за пециво и какаото. Додадете го во смесата. Додадете и сок од вишни. Мешајте се додека не добиете фина смеса.
  4. Наполнети мафини со смесата4.1/3од калапите за печење (доколку не се силиконски, намачкајте ги со растопен путер) наполнете ги со смесата за колачиња (вкупно 16 колачиња).
  5. Вишни во смесата за мафини5.Во остатокот од смесата, додадете ги вишните и доплнете ги калапите за печење.
  6. Темна путер крема6.Печете ги на 200 степени, околу 15 минути. Извадете ги и оставете ги да се оладат пред да ги декорирате со путер-крема.
  7. Путер крема7.На пареа, белките измешајте ги со 200 гшечер во прав. Кога ќе се растопи шеќер, додадете го остатокот од шечерот, со миксер, на најако матете барем неколку минути. Додадете и го омекнатиот путер и ванила.
  8. Темна путер крема8.Во пола од кремата, додадете чоколаден крем и добро измешајте. Доколку смесата ви се чини дека е телна, оставете јамалку на ладно за малку да се стврдне.
  9. Шприц наполнет со крем9.Силиконскиот шприц за декорирање, пола наполнете го со белата и пола со црната смеса.
  10. Колачиња со вишни10.Врз секое колаче, со шприцот, ставете од кремата. Добар апетит!