Ништо не му дава така добар вкус на помфритот или на хамбургерот како кечапот. Овој сос е одличен додаток на брзата храна, а добро се сложува и со други сосови. Основните состојки на кечапот се домати, оцет, шеќер, а понекогаш му се додаваат и други состојки како кромид, пиперка, различни зачини. Повеќето од нас сметаат дека кечапот е нискокалорична намирница, но дали е тоа навистина така?
Ако погледнете во табелата подолу ќе видите дека кечапот и нема толку малку калории колку што вообичаено се претпоставува. Навистина, 40 калории во две лажици кечап воопшто не е малку, особено ако се земе во предвид дека ретко кога се задржуваме на таа количина, и обично јадеме многу повеќе :)
Ако пак ја погледнете нутритивната вредност на кечапот, ќе забележите дека повеќето состојки во кечапот нема да ви наштетат. Кечапот не содржи масти и холестерол, па единственото нешто за кое треба да се грижите е внесот на натриум. Исто така, кечапот има многу малку јаглехидрати и не содржи протеини, така што нема скоро никаква нутритивна вредност во склоп на споменатите 40 калории.

 

Нутритивни вредности на кечапот
Калории 40 (168 KJ)
2 супени лажици кечап
Масти 0 g
Холестерол 0 mg
Натриум 329 mg
Јаглехидрати 10 g
Диетални влакна
0
Шеќер 8 g
Протеини 0 g
Калциум 0 mg
Kalij 0 mg

При изборот на кечап, обидете се да најдете некој кој е од органско потекло, или уште поважно, обидете се да најдете некој кој има ознака дека содржи мало количество на натриум. Изберете кечап кој содржи шеќер, за разлика од оние кои содржат високо-фруктозен сируп од пченка. На овој начин ќе можете полесно да го контролирате нивото на шеќерот во организмот.

Кечапот чувајте го на ладно и темно место, или пак во фрижидер, и водете сметка да го потрошите пред да му истече рокот за употреба :). Можете да го користите во комбинација со компири, сендвичи, јајца, различни јадења од месо. Но, при употребата имајте ја во предвид калориската и нутритивната вредност на кечапот.

И запомнете: за да ги потрошите калориите од две супени лажици кечап, потребни ви се 3 минути пливање, 3 минути трчање или 5 минути дигање на тегови.