За храната да биде добро искомбинирана, потребно е да се следат некои основни водилки:

1. Овошјето треба да се јаде на празен стомак. Постојат многу начини како можете ова да го изведете. Наутро испијте чаша свежо исцеден сок, изедете 2 или 3 парчиња овошје наместо појадок, најмалку 2 пати неделно. Изедете јаболко, круша или банана како ужина.

2. Не треба да се комбинираат концентрирани протеини со концентриран скроб во истиот оброк. Причината за ова е што средината за варење на протеините мора да биде кисела, односно варењето на протеините во желудникот предизвикува создавање на повеќе желудочни киселини, додека варењето на скробот е сосема спротивно, тоа бара базна средина. Кога се конзумираат заедно, протеините и скробот не можат да се варат нормално. Намирниците кои премногу долго остануваат несварени во желудникот предизвикуваат собирање на гасови и производство на токсини.

Намирници со концентрирани протеини се сите видови на црвено месо, конзервирана и свежа риба, сирење, јајца, млеко од соја, соја. Намирници со концентриран скроб се сите видови на житарици (јачмен, пченица, пченка, овес, просо, хељда), сите видови на брашно, булгур, кускус, мусли, лиснато тесто, компир.

Протеините треба да се комбинираат со свеж зеленчук, варива од зеленчук (никако компир), масла, намази и сл. Скробот треба да се комбинира со свеж зеленчук, варива од зеленчук (вклучувајќи и компир), масла, намази и сл.

Временското растојание помеѓу конзумирањето на протеини и скроб во идеален случај треба да биде најмалку 3-4 часа.