Нашиот омилен рецепт печени компири, но овојпат приготвен на многу покреативен начин, кој верувајте ќе ги импресионира сите кои ќе имаат прилика да ги видат и пробаат овие компир елкички. Прекрасни се нели?

Компир елкички

By Гастронаут Published: October 29, 2015

  • Prep: 35 mins
  • Cook: 30 mins
  • Ready In: 1 hr 5 mins

Нашиот омилен рецепт печени компири, но овојпат приготвен на многу …

Ingredients

Instructions

  1. Исечкан компир спремен за варење1.Исечкајте ги компирите на половинки. Во голем сад ставете вода, посолете ја и почекајте додека да зоврие. Ставете ги компирите да се варат. Откако ќе се сварат исцедете ги.
  2. Пасирање компир2.По пет минути откако малку ќе се подоладат убаво испасирајте ги. Ако немате алатка за пасирање можете да користите и обична вилушка.
  3. Јајца со компир3.Скршете пет јајца и внимателно одвојте ги жолчките. (За овој рецепт белки не ни требаат, тие можете да ги искористите за некој друг рецепт). Ставете ги во пасираните компири.
  4. Зачинети компири4.Потоа додадете путер, сол, црн пипер и нарендајте мускатно оревче. Промешајте за да смесата стане компактна.
  5. Формички5.Смесата наполнете ја во пекарски шприц. Премачкајте го плехот со малку путер и загрејте ја рерната. Внимателно направете кружни формички, односно елкички.
  6. Финална потготовка пред печење6.Откако ќе ги направите сите формички, премачкајте ги елкичките со смеса од жолчка и павлака.
  7. Финале продукт7.Печете околу половина час, се додека елкичките на рабовите не добијат златно кафена боја. Бон апетит.