Иако ви се чини комплицирано, подготовката на компир манџа е едноставна и не бара премногу знаење. Доволно е да ги следите упаствата на Мигусто и ќе добиете совршен резултат. Манџа за мерак.

Компир манџа со пилешко месо

By Тетка Биберче Published: November 11, 2013

  • Prep: 25 mins
  • Cook: 45 mins
  • Ready In: 1 hr 10 mins

Иако ви се чини комплицирано, подготовката на компир манџа е едноставна и …

Ingredients

Instructions

  1. Зачинет компир1.Компирите измијте ги, излупете ги, исечкајте и зачинете ги со сол, црн пипер, вегета и малку копар.
  2. Запжен морков и кромид2.Кромидот ситно исечкајте а морковот изрендајте го. На малку масло за готвење, пржете ги околу 5-6 минути.
  3. Запржено пилешко месо3.Лукчето ситно исечкајте го. Пилешкото месо исечкајте го коцки. Во подлабока тава за готвење, на малку масло запржете го лукчето неколку минути, па додадете ги пилешкото месо. Пржете барем 10 минути или се додека месото не биде готово. Зачинете.
  4. Додавање на морков во тавата4.Во истата тава, додадете ги запржениот кромид и морков и 2 лажици доматно пире. Промешајте.
  5. Готова компир манџа5.Додадете ги компирите, еден лаворов лист и околу 750-800 мл вода. Гответе на средна температура, околу 40-45 минути, или се додека компирот не се свари.