Доколу решите да ја запалите скарата (или ако сте мрзливи, рерната 🙂 ) еве еден интересен рецепт за компир салата со млад компир. Може да ви послужи како гарнир со пилешко, риба месo или пак само како салата ако додадете мајонез.
Kомпир салата на скара
By July 12, 2012
Published:Доколу решите да ја запалите скарата (или ако сте мрзливи, рерната 🙂 ) еве …
Ingredients
- 60 мл вински оцет (дресинг)
- 2 лажици маслиново масло (дресинг)
- 2 лажички сенф (дресинг)
- 2 лажици свеж босилок (дресинг)
- малку свеж рузмарин (дресинг)
- 1 главица лук (ситно сечкан) (дресинг)
- сол, црн пипер (дресинг)
- 1 кг млади компири
- 1-2 црвени пиперки
- 1 кромид
- 2 лажици маслиново масло
- сол, црн пипер
Instructions
- 1.Во помал стаклен сад сите состојки за дресинг сосот измешајте ги. Посолете и запиперете по желба.
- 2.Младиот кромид добро измијте го. Пресечете го на пола или на четвртинки и варете го во посолена вода 5 до 6 минути. Процедете го.
- 3.Во меѓувреме, загрејте ја скарата (или рерната).
4.Пиперките и кромидот малку посолете ги, испрскајте ги со една лажици маслиново масло и печете 5 до 10 минути се додека не омекнат.
5.И полу сварените компири намачкајте ги со една лажица масло и печете ги 10 до 15 минути.
6.Во поголем сад, измешајте ги сите состојки и прелијте ги со претходно подготвениот сос. Садот затворете го со проѕирна фолија и оставете го во фрижидер барем 1 час пред сервирање.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна