За сите оние што сакаат Болоњезе сос, ова ќе биде добродојдена промена. Вкусот на сосот е скоро ист, а секако дека можете да го збогатите со додавање на кромид и печурки на пример, ако веќе така сте навикнале. Секако, можете и одозгора да ги прелиете полнетите компири со малку доматен сос или кечап. Задолжително пробајте!

Компири полнети со мелено месо

By Гастронаутка Published: January 22, 2014

  • Prep: 5 mins
  • Cook: 40 mins
  • Ready In: 45 mins

За сите оние што сакаат Болоњезе сос, ова ќе биде добродојдена промена. …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Добро измијте ги компирите со четка, боцнете ги со вилушка на неколку места и ставете ги врз хартија за печење во загреана рерна на 200 степени да се печат околу 40 минути или додека не омекнат.
  2. 2.Во меѓувреме, ставете го маслото во подлабоко тавче да се загрее. Додадете го меленото месо и пржете додека не ја смени бојата.
  3. 3.Додадете ги доматите и сосот од конзервата и мешајте, дробејќи ги доматите со вилушка додека смесата не зоврие. Пржете на умерен оган околу 6-7 минути, а потоа додадете половина од коцките кашкавал/сирење и ориганото. Зачинете со сол и црн пипер по вкус.
  4. 4.Пресечете ги компирите надолжно на половина, но не до крај, а потоа наполнете ги со смесата од мелено месо и домати. Одозгора испрскајте ги преостанатите коцки кашкавал/сирење и послужете.