Уште една варијанта на печени компири. И да, добро забележувате, компирите во секакви изданија ми се навистина слаба страна. Што да правам кога едноставно не можам да им одолеам?
Компири со пармезан
By November 26, 2012
Published:Уште една варијанта на печени компири. И да, добро забележувате, …
Ingredients
- 6 (средно големи) компири
- 4 супени лажици маслиново масло
- 1/2 кафена лажичка лук во прав (или 2-3 чешниња истолчен)
- 3/4 кафена лажичка сол
- 1 кафена лажичка црвен пипер
- малку црн пипер
- 5 супени лажици рендан пармезан
Instructions
1.Загрејте ја рерната на 200 степени. Исечкајте ги компирите на коцки, широки околу 2 см и ставете ги во тавче за печење (ако имате керамичка тава, користете ја, бидејќи компирите помалку се лепат во неа), и одозгора истурете го маслото.
2.Во подлабоко садче измешајте и зачините со ренданиот пармезан. Слободно исфрлете некој зачин или додадете некој друг, по желба. Истурете ја смесата врз компирите и измешајте се добро.
3.Печете ги компирите во загреаната рерна околу 45 минути. Во текот на печењето, 2 или 3 пати извадете ја тавата и промешајте. Така компирите нема да се залепат и ќе ја задржат формата.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна