„Рецептите на Џејми ги обожавам, но иако многу се трудам да го гледам шоуто до крај, тоа ретко ми успева. Зошто? Не можам да гледам кога со мрсните раце ги допира речиси сите површини во кујната каде работи :)“ – не насмеа Валентина и сподели со нас рецепт инспириран од овој познат кувар.

Компирите на Џејми Оливер

By Валентина Крстевска Published: May 10, 2013

    „Рецептите на Џејми ги обожавам, но иако многу се трудам да го гледам …

    Ingredients

    Instructions

    1. kompiri-alla-oliver21.Компирите крупно исецкајте ги и ставете ги со малку сол да зовријат. Нека вријат само 2-3 минути.
    2. ispeceni-kompiri2.Дното на садот за печење премачкајте го со малку путер, истурете ги компирите и малку измешајте(за да се намрсат од путерот). Остатокот од (путерот/маргаринот) распоредете го по компирите како коцки, посолете и ставете ги да се печат на околу 180 степени додека да се заруменат.
    3. kompiri-alla-oliver13.НАПОМЕНА: можете да користите и млади компири, но тогаш препорачувам само убаво да ги измиете и да не ги лупите. Поради тоа што се прво варени па печени, вака подготвените компири имаат посебно убав вкус.