Колкупати сме се откажале од некои рецепти само и само поради тоа Кондензирано млеко кое е напишано како состојка и кое ја прави целата магија на вкусот, не ни е достапно. Но дилемата за мене веќе е решена, нема зошто да прашуваме со што ли да го замениме ова млеко како состојка. Нема замена за него, незаменлив е неговиот вкус, затоа еве го рецептот и повелете ја неговата кратка, лесна и успешна работа.

Забелешка:
– Од почетокот ќе ви се чини многу ретко, да на ве загрижува тоа, додека да се олади, тоа ќе се згусти.
– Од оваа количина на состојки јас добив 300 мл. млеко со прееееекрсен мирис и вкус, а потоа колачот кој го направив со него, си реков: „Магичен е вој колач, но за таа магија е заслужно ова млеко“.

Уживајте и веќе не ги одминувајте рецептите каде што е потребно како за состојка ова млеко, спремето го, никогаш нема да се покаете, ќе бидете благодарни на истото бидејки ќе ви ги збогатува вкусовите на колачите.

Кондензирано млеко спремано во домашната кујна

By Лилјана Илиева Published: March 1, 2013

    Колкупати сме се откажале од некои рецепти само и само поради тоа …

    Ingredients

    Instructions

    1. Подготовка на кондензирано млеко1.Во сад, касеролата, го ставаме шеќерот и го заливаме со водата. Се става на оган да зоврие 3-4 минути и се трга кога ќе видите дека на површина има пооооолно меури.
    2. Готово кондензирано млеко2.Веднаш префрлете го овој сируп кој ќе го добиет во мултирпактик, додадете го маргаринот и мешајте, кога маргаринот е веќе истопен и споен со шеќерот додадете ја павлаката.
    3. Кондензирано млеко3.Продолжете да мешате, а во меѓувреме ставајте две по две лажици од млекото и за цело време мешајте го. Така се додека потрошите одредената количина на млекото, мешајтејте го уште кратко време... готово. Префрлете во тегла и навистина се опуштете да уживате.