Сезоната за јагоди започна, и не само што можеме да си ги блажиме непцата со свежите и вкусни црвени залчиња, туку можеме да ги користиме и на милион други начини. Се разбира дека овошните и не толку овошните напитоци спаѓаат во оваа група. Погледнете го на пример коктелот во продолжение. Едноставен за правење, вкусен и необичен, особено ако имате шака јагоди што сте ги заборавиле во фрижидерот неколку дена.

Коктел со јагоди

By Гастронаутка Published: June 7, 2013

    Сезоната за јагоди започна, и не само што можеме да си ги блажиме непцата …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Исечете ги јагодите на половинки и со нив наполнете тегла со капак кој цврсто се затвора, така што одозгора да остане околу еден прст празен простор.
    2. 2.Дополнете ја теглата со коњак, цврсто затворете го капакот и убаво промешајте.
    3. 3.Ставете ја теглата на темно и суво место и оставете ја да стои околу 7 дена. Внимавајте да ја промешате содржината барем еднаш дневно во тој период.
    4. 4.По истекот на 7 дена, отворете ја теглата и исцедете ја содржината. Јаготките можете да ги фрлите, а течноста послужете ја во ниски чаши со многу лед и неколку ливчиња свежо нане.