Ако морам баш да го изберам мојот апсолутен тренди кујнски хит за оваа година, тогаш корпата за овошје на дизајнерот Каре Франдсен дефинитивно ми спаѓа во топ фаворитите. Мора да се согласите со мене дека дизајнот и е прекрасен, а згора на тоа виси, што значи не фаќа место на масата или на шанкот или на комодата или каде и да го чувате овошјето вообичаено. Практично, си добивате супер згоден сад за чување, во кој овошјето не само што ќе биде подолго време свежо, туку и ќе можете да се радувате на убавите форми и бои од секој агол.

Инаку, овој сад за овошје е направен од два метални прстени кои се исповрзани со гумени ленти, па така можете во секое време и од секоја страна (што е уште поважно :)) и да ставите и да извадите било каква овошка. Супер, супер и супер, нема друг збор за ова. И да, браво за идејата Каре!