Уште еден десерт од кујната на Мигусто, кој веруваме дека ќе ви се допадне. Слатки корпички полни со боровинки. Ммммммм…Ги имате сите детали како да ги приготвите овие корпички, па затоа фаќајте се за работа, немојте да забушавате.
Боровинки лимон корпички
By March 10, 2013
Published:Уште еден десерт од кујната на Мигусто, кој веруваме дека ќе ви се …
Ingredients
- 100 гр путер
- 80 мл млеко
- 1 јајце
- 1 жолчка
- 1 лажица екстракт од ванила
- 150 гр брашно
- 140 гр шеќер
- 1½ лажица прашок за пециво
- 1 лажица кора од лимон
- 1 лажица афионово семе (мак)
- 200 гр боровинки
- малку сол
- 50 гр брашно (смеса за прелив)
- 50 гр путер (смеса за прелив)
- 40 гр шеќер (смеса за прелив)
Instructions
1.Во сад за готвење растопете го путер. Оставете го неколку минути на оган за целосно да испари водата во путерот и да добие малку кафена боја. Тргнете од оган и оставете го малку да се олади. Во пластичен сад измешајте го млекото заедно со јајцето, жолчката и екстрактот од ванила. Додадете го и кафениот путер и добро промешајте.
2.Во друг пластичен сад измешајте го брашното со прашокот за пециво, додадете и малку сол. Додадете ја и смесата со млекото и нежно мешајте. Кога смесата ќе стане компактна, додадете ги боровинките, кората од лимон и афионовото семе.
3.Смесата претурете ја во модли за корпички кои претходно сте ги намачкале со путер. (Доколку модлите се тефлонски, нема потреба од подмачкување)
4.Подгответе го преливот. Состојките помешајте ги во пластичен сад и со раце замешајте додека не добиете ронлива смеса. Смесата наросете ја врз секоја корпичка.
5.Печете во добро загреана рерна, на 190 степени, околу 18 до 20 минути или се додека не добиете златеста боја. Оставете ги 15-тина минути пред да ги извадите од модлите. Сервирајте топли или ладни, по ваша желба.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна