Корпички полнети со карамел и глазирани со чоколадо. Дефинитивно една од нашите омилени верзии на корпички, кои – нема дискусија, си ги сакаме во сите изданија.
Корпички со карамел
By March 19, 2013
Published:- Prep: 30 mins
- Cook: 25 mins
- Ready In: 55 mins
Корпички полнети со карамел и глазирани со чоколадо. Дефинитивно една од …
Ingredients
- 120 г путер (за тестото)
- 200 г брашно (за тестото)
- 2 супени лажици мелени ореви (за тестото)
- 2 супени лажици шеќер (за тестото)
- 1 јајце (за тестото)
- прстофат сол (за тестото)
- 6 супени лажици шеќер (за карамелот)
- 120 г ореви (запечени и исечкани ситно)
- 120 г путер
- 3 жолчки
- 5 супени лажици шеќер
- 50 г темно чоколадо (за преливот)
- 1 супена лажица путер
- 1 супена лажица слатка павлака
Instructions
- 1.Измешајте го брашното со солта, шеќерот и мелените ореви. Додадете го путерот и месете со раце додека не се создадат грутки. Потоа додадете го јајцете и месете додека не добиете компактно тесто (ако ви е премногу тврдо, додадете лажица млеко). Завиткајте го тестото во пластична фолија и оставете го во фрижидер да отстои барем 30 минути.
- 2.Загрејте ја рерната на 180 степени. Расукајте го тестото со дебелина од околу 3-4 мм и вадете кругчиња од него. Поставете ги кругчињата во подмачканите модли за корпички. Избоцкајте го тестото со вилушка и ставете ги корпичките да се печат околу 20-25 минути или додека не добијат златеста боја.
- 3.Со миксер изматете ги жолчките со 5 лажици шеќер додека не добиете светла и воздушеста смеса.
- 4.Ставете 6 лажици шеќер на оган додека шеќерот не се растопи и не стане светло кафен, а потоа веднаш додадете го путерот и сечканите ореви. Мешајте силно додека путерот не се растопи, а потоа тргнете го садот настрана. Додадете ја смесата со жолчки, измешајте и вратете на оган. Мешајте постојано додека смесата не се згусне добро. Тргнете го садот од оган, мешајте уште минута две и наполнете ги корпичките.
- 5.За да ја направите чоколадната глазура, растопете го чоколадото над пареа, а потоа додадете го путерот и слатката павлака и добро измешајте. Веднаш истурете ја глазурата над корпичките.
- Cuisine: Десерт
- Course: Комбинација
- Skill Level: Средна