Иако колективно си обожаваме колачиња од типот на корпички полнети со нешто (кремче, чоколадо, овошје), сепак ова ни е една од омилените варијанти. И верувајте, не само што се превкусни, туку и изгледаат супер декоративно…. Пробајте!

Корпички со вишни

By Редакција Мигусто Published: December 24, 2012

    Иако колективно си обожаваме колачиња од типот на корпички полнети со …

    Ingredients

    Instructions

    1. Исцедени вишни1.Исцедете ги вишните (ако правите со компот), и тргнете ги настрана. Од течноста издвојте околу 150 мл во чаша, а остатокот ставете го со 170г шеќер на оган да зоврие.
    2. Додавање на шеќер во сирупот2.Во чашата со одвоениот сок додадете го густинот и добро измешајте. Кога сокот што се вари ќе зоврие, додадете ја постепено течноста со густинот и постојано мешајте додека не почне да врие.
    3. Додавање на вишни во сирупот3.Тргнете ја течноста од оганот веднаш штом ќе зоврие, додадете ги вишните, измешајте и оставете се настрана за да се олади.
    4. замесете компактно тесто4.Тестото се прави така што се замешува маргаринот со јајцето и шеќерот, а потоа постепено се додава брашното во кое е измешан прашокот за пециво, и на крајот се додава млекото. Забелешка: ако тестото е премногу тврдо, додадете уште една лажичка млеко.
    5. тестото е готово5.Кога ќе замесите се убаво и ќе добиете компактно тесто, завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер да постои барем 30 минути.
    6. топчиња од тесто6.Потоа поделете го тестото на топчиња (за нашите модли користиме 40 г тесто по модла). Ако правите цел колач (во тавче наместо во модли), тогаш само тргнете настрана околу 1/4 од тестото, а другото расукајте го и обложете го дното на тавчето.
    7. модли премачкани со маргарин7.Секоја модла премачкајте ја убаво со маргарин или со путер (ако користите силиконски модли нема потреба од мачкање).
    8. расукување на топчињата8.Секое топче ставете го помеѓу две парчиња проѕирна фолија, расукајте го во круг (дебелина околу 3-4 мм) и обложете го дното на модлата. Оставете 4-5 топчиња за украсување.
    9. полнење со фил9.Во модлите обложени со тесто, распоредете го филот, но внимавајте да не ставате премногу и да има и течност и вишни во секоја модличка.
    10. украсување на корпичките10.Од топчињата тргнати за украсување (кои претходно добро сте ги оладиле во ладилник (сосема кратко) или фрижидер), расукајте тенки ливчиња и пресечете ленти. Потоа ставете по 4 ленти врз секоја модла.
    11. спремни за јадење11.Печете ги врз решетка, во загреана рерна на 200 степени околу 15 до 20 минути. Важно: печете ги едно ниво подолу од средината на рерната (поблиску до дното), бидејќи инаку нема да се испече дното, па потешко ќе се вадат.