Декоративни кошнички кои можат да се подготват неколку дена претходно, а со нив да ги изненадите вашите пријатели во момент ако ви се појават на врата ненајавено. Толку се добри што верувајте пак ќе ви дојдат на гости.

Кошнички од пармезан

By Тетка Биберче Published: March 12, 2013

  • Prep: 20 mins
  • Cook: 5 mins
  • Ready In: 25 mins

Декоративни кошнички кои можат да се подготват неколку дена претходно, а …

Ingredients

Instructions

  1. Пармезан1.Загрејте ја рерната на 160 степени. На хартија за печење, ставајте отприлика по една лажица рендан пармезан. Водете сметка да оставите поголемо растојание.
  2. Испечен пармезан2.Печете околу пет минути, се додека пармезанот не добие златна боја. Оставете ги неколку секунди да се олади печениот пармезан.
  3. Формирање на кошничките3.Внимателно и со шпатула ставете го пармезанот врз дното на превртена стаклена чаша. Доколку има потреба, со рака притиснете го пармезанот за да добие форма.
  4. Кошнички од пармезан4.Оставете ги кошничките добро да се оладат и наполнете ги со солен фил по желба (урда, паштета, сирење и црвен пипер, ајвар......)