Со само малку фантазија и креативност од овие кошнички можете да направите мало уметничко дело. Мојата омилена земја Италија доби примат пред се останато. Колоритно и вкусно истовремено. Ги очекувам и вашите верзии…
Кошнички „Вива Италија“
By February 7, 2013
Published:- Prep: 10 mins
- Cook: 20 mins
- Ready In: 30 mins
Со само малку фантазија и креативност од овие кошнички можете да …
Ingredients
- 50 г тестенини букатини (шупливи шпагети)
- 1 јајце
- 120 г урда
- 30 г свеж босилек (приближно)
- 1 лажица Доматно пире
- 30 г путер (растопен)
- малку сол, црн пипер, оригано
Instructions
1.Тестенините сварете ги според упатството на пакетчето. Исцедете ги, ставете растопен путерот и едно изматено јајце.
2.Тестени наредете ги спирално во силиконските модли формирајќи кошничка.
3.Печете ги на 180 степени, околу 15 до 20 минути или се додека не добијат златно-кафена боја и станат малку крцкави.
4.До пола наполнете ги со урда. Остатокот од урдата поделете ја на три дела. Во првата ставете ситно сечкан босилек и лажица кајмак. Во другата ставете лажица доматно пире и кајмак, а во третата само кајмак.
5.Наполнете ги корпичките со подготвените филови и сервирајте.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна